„Мега-дуелот“ помеѓу Милвоки и Мајами одлучен во последната секунда, Феникс им се врати на победите

„Мега-дуелот“ помеѓу Милвоки и Мајами им припадна на домаќините кои благодарение на поените на Дру Холидеј во последната секунда славеа со 120-119. Прво име на средбата беше Тајлер Хиро со 30 поени, 7 скока и 5 асистенции, додека нова монструозна партија одигра и Гркот.

Јанис Адетокумпо мечот го заврши со 28 поени, 17 скока и 5 асистенции, а него го следеше Крис Мидлетон со 26 поени и 4 скока.

На победите им се врати Феникс кој забележа убедлива победа од 120-90 над Портланд. Џонсон со 20 поени и Ејтон со 18 поени и 8 скока беа лидери на домаќините, додека Вилијамс постигна 14 поени за гостите.

Никола Јокиќ и неговиот Денвер пак претрпеа убедлив пораз од Оклахома со 107-119. Србинот повтроно беше лидер на својот тим со 22 поени, 16 скока и 4 асистенции, но тимот од Колорадо немаше одговор за Гилгус-Александер кој мечот го заврши со 29 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Се вчитува...