Мега-размена: Реал го добива Икарди, а Интер – Модриќ и пари

Реал Мадрид ќе го продолжи ремонтот во своите редови, па по Кристијано Роналдо таборот на „кралевите“ ќе го напушти и најдобриот светски фудбалер за оваа година, Лука Модриќ. Бројни медиуми во Италија и Шпанија ја пренесоа информацијата дека Флорентино Перез стартувал преговори со Интер, но планот на првиот човек на европскиот шампион е да го искористи Модриќ за да го доведе Мауро Икарди на „Сантијаго Бернабеу“.

Интер не крие дека го сака Модриќ, но „нероаѕурите“ исто така се свесни дека поради финансискиот ферплеј немаат никакви шанси да го доведат хрватскиот генијалец со мултимилионски трансфер, а Перез сака да извади максимум од оваа ситуација. Затоа, понудата на Реал за Икарди ќе го вклучува Хрватот, како и дополнителни 40 милиони евра што Интер потоа би можел да ги искористи за да доведе нов квалитетен голгетер како замена за аргентинскиот репрезентативец.

Самиот Модриќ е заинтересиран за преселба во Милано и сигурно без проблеми би се преселил во Интер, „нероаѕурите“ во секој случај сериозно ќе ја разгледаат оваа понуда, а ќе остане само уште Флорентино да го убеди Икарди, за кого се интересираат и неколку клубови од Премиер-лигата.

Се вчитува...