Меган Рапино со „Златна топка“ кај дамите, Алисон Бекер со наградата „Лав Јашин“, Матијс де Лихт најдобар млад играч (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентативка на САД, Меган Рапино, ја доби „Златната топка“, како најдобра меѓу дамите за 2019 година. Таа беше најдобра во конкуренција на Англичанката Луси Бронз и на сонародничката Алекс Морган.

Рапино не е присутна на гала свеченоста во Париз, но испрати видео – порака, се заблагодари на организаторите истакнувајќи дека тоа е голема чест и за неа и за целиот американски фудбал споделувајќи ја наградата и со сите свои соиграчки.

Наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман за 2019 му припадна на чуварот на мрежата на европскиот првак Ливерпул, Алисон Бекер. За најдобар млад фудбалер до 21 година е избран Матијс де Лихт од Јувентус.

 

 

&

;

Се вчитува...