Мегаразмена во јануари: Марсело оди во Јувентус, Алекс Сандро ќе пристигне во Реал

Италијанскиот првак Јувентус и актуелниот европски шампион Реал Мадрид подготвуваат мегаразмена во зимскиот преоден рок. Бразилецот Марсело е на заминување од „Сантијаго Бернабеу“, а негова следна дестинација треба да биде Торино. Неговиот одличен пријател Кристијано Роналдо ова лето го засили Јувентус, а Марсело треба да биде следниот „крал“ што ќе пристигне во редовите на Јувентус.

Но, Хулен Лопетеги исто така има свој „пик“ во италијанскиот тим. Тој би сакал да го види Алекс Сандро во Мадрид. Оваа мегаразмена би можела да се реализира во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...