Хари Мегваер е познат како голем киксер, но и покрај сето тоа беше капитен на Манчестер Јунајтед и редовно настапуваше за овој тим, но и за репрезентацијата на Англија.
Невозможно е да се избројат сите негови грешки кои се многу чести, а поради лошите игри во дресот на Манчестер Јунајтед беше нападнат и од навивачите на Англија кои го исвиркаа.
Селекторот на оваа репрезентација Герет Саутгејт секогаш застануваше во негова одбрана, меѓутоа, сега и тој му зададе сериозен удар.
Хари Мегваер имаше тешка сезона на „Олд Трафорд“, со само 15 настапи во Премиер-лигата за Јунајтед што може да го остави надвор од стартните единаесет на Англија.
Саутгејт постојано застанува на страната на 30-годишниот стопер и продолжува да го вклучува во тимот кој ќе и се спротистави во јуни месец и на Македонија, но признава дека може да го загуби тој статус доколку не ги одигра следните неколку натпревари на потребното ниво.
„Тоа дефинитивно не е ситуација која може да трае вечно. Тој е како Калвин Филипс. Тие се важни играчи за нас, а освен Калвин, немам многу играчи кои можат да играат како последни играчи за врска. Се разбира, колку е подолга оваа ситуација, толку е позагрижувачки“, изјави Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА