Мегваер е на клупа за дербито со Арсенал, Роналдо добива шанса од првата минута (ФОТО)

Хари Мегваер не е во стартниот состав на Манчестер јунајтед за денешното дерби против Арсенал, Роналдо се враќа, но Бруно Фернандеш ќе ја носи капитенската лента.

На изненадување, но можеби и радост кај повеќето фанови на Манчестер јунајтед, Мегваер кој постојано е мета на критики, нема да биде стартер против Арсенал.

Рангник објасни дека го оставил на клупата бидејќи имал тешка недела, мислејќи на заканите за подметната бомба во неговиот дом.

„Требаше да одлучам меѓу Линделоф, Варан и Мегваер. Можеа да играат само двајца. Хари имаше тешка недела, па одлучив да му дадам одмор и да ги играм Варан и Линделоф“, изјави Рангник пред мечот.

Во составот се враќа Кристијано Роналдо кој го пропушти мечот со Ливерпул поради смртта на неговиот новороден син.

 

 

 

Се вчитува...