Мегваер „капитенски“ се расположил по црвениот картон… Познат неговиот наследник

Манчестер јунајтед се повеќе личи на „реално шоу“ отколку на фудбалски гигант. Најголем виновник за сето ова е Оле Гунар Солкјер кој ги испушти сите конци во клубот, а тоа го чинеше и отказ кој беше официјализиран денеска.

Колкава е недисциплината во клубот покажува и тоа што капитенот на тимот, Хари Мегваер откако вчера доби црвен картон, одлучи да се расположи во еден од ноќните клубови. Од раководството тоа го дознеле и веднаш решиле да му биде одземена капитенската лента.

Негов заменик ќе биде Кристијано Роналдо, кој по се изгледа е единствениот професионалец во моментов кој се наоѓа на „Олд трафорд“.

Се вчитува...