Мегваер: Медиумите сакаат „кликови“ затоа ме пишуваат

Англискиот фудбалер Хари Мегвајер долго време е мета број еден на критики во Велика Британија.

Некогаш најскапиот стопер кој од Лестер за 87 милиони фунти премина во Манчестер јунајтед, не ги исполни очекувањата од навивачите. Сепак, тој смета дека не е толку лош туку дека се направил таков став за него, а медиумите го пишуваат бидејќи добиваат на кликови за тоа.

„Не размислувам што зборуваат луѓето. Ако можат да напишат приказна за мене, а јас сум капитен на Манчестер Јунајтед, тогаш тоа ќе биде голема вест. Луѓето го пишуваат тоа за мене поради кликови“, изјави Мегваер.

Се вчитува...