Мегваер осуден на 21 месец затворска казна: Јас сум жртвата…

Грчкиот суд го осуди Хари Мегваер на затворска казна од 21 месец и десет дена, откако англискиот репрезентативец беше прогласен за виновен за физички напад, давање отпор при апсење и неколку обиди за давање мито, за тепачката на островот Миконос. За среќа на Мегваер, бидејќи ова му е прв ваков престап, казната е условна и фудбалерот нема да мора да замине зад решетки доколку не изврши ново кривично дело во следните три години.

„Јас и моето семејство сме жртви во овој случај. Веќе дадов инструкции до мојот адвокатски тим да поднесе жалба. Се уште сум убеден дека ќе ја докажеме невиноста во случајот“, порача Мегваер преку социјалните мрежи, бидејќи пристигна во Англија уште пред да биде донесена пресудата.

Манчестер Јунајтед преку соопштение му изрази поддршка на својот капитен, потенцирајќи дека верува во неговата невиност и дека дефинитивно ќе следи жалба на ваквата пресуда.

Се вчитува...