Мегваер пред мечот со Ливерпул се фалеше себе: Не би играл секој меч да сум толку лош

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер веќе се соочува со сериозни критики, по лошите настапи во дресот на Јунајтед, а така беше и после вчерашното дерби со Ливерпул, кое „црвените“ од Енфилд го добија со убедливи 4-0.

Мегваер беше платен огромни 87 милиони евра пред три години, и требаше да биде лидер на оваа генерација на „Црвените ѓаволи“. Дури ја доби и капитенската лента, но на теренот приказната е сосема поинаква.

Иако игра катастрофално лошо, веројатно не му недостасува самодоверба, па така самиот си се нафали пред дуелот со Ливерпул.

„Не би играл на секој меч да сум толку лош. Постои причина зошто двајцата менаџери ме ставаа во стартниот тим“, рече Мегваер.

Не беа ни поминати пет минути, а Ливерпул веќе водеше со 1-0. Мегваер задоцни со реакцијата, и не можеше да се врати, со што Диаз донесе водство.

Се вчитува...