Мекгрегор: Ова беше нелегитимна победа на Поарие, ќе се видиме повторно во октагонот

По борбата и поразот од Џастин Поарие, Конор Мекгрегор ја оперираше левата нога, па реши да се јави од болницата во Лос Анџелес. Ирецот се повреди во првата рунда од борбата на настанот УФЦ 264 во Лас Вегас, па истата мораше да биде прекината.

По ваквиот исход, Поарие славеше со технички нокаут.

„Операцијата се одвиваше според планот. Излегов од сала и се чувствувам одлично. Потребни се шест недели одмор, а потоа почнува рехабилитација и физикална терапија. Благодарност до сите што ми испратија пораки за поддршка“, рече Мекгрегор во видеото што го објави на Твитер.

Ирецот потоа накратко даде анализа за борбата во Лас Вегас.

„Беше одлична прва рунда, жал ми е што ја скршив ногата и не можев да продолжам. Џастин, можеш да славиш, но твојата победа е нелегитимна. Ти ништо не направи во октагонот. Ќе се состанеме повторно, па ќе видиме што ќе се случи“, рече Мекгрегор.

 

 

Се вчитува...