Мекалистер: Ливерпул е најголем клуб во Англија

Аргентинскиот фудбалер Алексис Мекалистер, во новата сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Тој потпиша со „црвените“ веднаш по завршувањето на сезоната, и откри зошто го сторил тоа.

Мекалистер за одлучувачки фактор за бирање на Ливерпул го напомена Јирген Клоп, односно после неговиот разговор одлучил дека Ливерпул ќе му биде неговиот нов клуб.

„Се преселив во еден од најголемите клубови во светот, и најголем во Англија. Тоа е остварување на сонот. Сакам максимално да ја искористам оваа можност, затоа што доаѓа во најдобриот момент во кариерата. Чувствувам дека преселбата во Ливерпул е вистинскиот потег, и тоа не само поради сегашноста, туку и поради минатото. Разговарав со Јирген Клоп. Тој е еден од одлучувачките фактори кој влијаеше на мојата одлука. Ја видов неговата желба да ме има во клубот, желбата да продолжи да освојува трофеи во овој клуб, и сето тоа ми беше многу важно“, рече Мекалистер.

Се вчитува...