Мекалистер на радарот на неколку европски гиганти

Фудбалерот на Брајтон и еден од најдобрите аргентински играчи на неодамна завршеното Светско првенство, Алексис Мекалистер е на мета на бројни клубови. Јувентус е заинтересиран за одличниот играч од средниот ред, но ќе мора да чека во ред бидејќи истиот играч го посакуваат и Ливерпул, Челси, Атлетико Мадрид…

Интересот на врвните клубови за аргентинскиот играч за врска се појави по неговите игри во Катар, каде со Аргентина стана светски шампион. Мекалистер одигра шест натпревари, постигнувајќи еден гол (против Полска) и забележа асистенција (за Ди Марија во финалето). 24-годишниот играч за врска е во Брајтон од јануари 2020 година, а има договор со англискиот клуб до 2025 година.

Оваа сезона одигра 14 натпревари за Брајтон и постигна пет гола. Вредноста на играчот се проценува на 42 милиони евра.

Се вчитува...