Поранешниот шампион на UFC, Конор Мекгрегор, објави преку социјалните мрежи дека е успешно опериран по скинувањето на менискусот и предниот вкрстен лигамент на коленото.
Ирецот објави видео во кое потврди дека операцијата поминала без компликации и истакна дека веќе го започнал процесот на закрепнување. Тој има за цел да се врати во Октагонот за последната борба од неговиот тековен договор со UFC за време на Меѓународната недела на борби во летото 2027 година.
„Коленото е поправено, операцијата беше успешна и веќе сум на пат кон закрепнување. Инспирација наоѓам кај луѓе како Доминик Круз, кој се врати од сериозни повреди повеќе пати и повторно го освои појасот, како и кај Жорж Сен-Пјер, кој продолжи да постигнува неверојатни работи по две повреди на предниот вкрстен лигамент. Тука се и Том Брејди и други спортисти кои покажаа дека враќањето е можно. Мојот менталитет е незапирлив и нескршлив“, рече Мекгрегор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
