Македонската кошаркарска репрезентација по победата над Словачка денеска од 19 часот повторно излегува на паркетот против селекцијата на Швајцарија во третото коло од претквалификациите за Светското првенство 2023.
„Црвено-жолтите“ по лошата игра во првиот меч против Швајцарците го поправија учинокот и заиграа на далеку подобро ниво во вториот натпревар каде профункционира и нападот, а одбраната дозволи само 47 поени.
По триумфот со кој беше „скршен ледот“, во таборот на нашата репрезентација владее одлична атмосфера, но добрата игра во претходниот меч избраниците на Драган Бајиќ ќе мора да ја пренесат и денеска доколку сакаме да стигнеме до нов позитивен резултат.
„Во првиот натпревар влеговме со голема доза на нервоза бидејќи имаме домашен терен, но и млади и неискусни играчи во ростерот. Иако не бевме свои на тој меч, успеавме да се избориме за пристоен пораз кој нема ништо да значи ако денеска се поправиме и дојдеме до победа која ќе не однесе во следната фаза. Во вториот меч влеговме многу посигурни и со поголема самодоверба што резултираше со убедлива победа. Мислам дека тој натпревар ни е од големо значење бидејќи видовме дека сме поквалитетни во однос на другите две репрезентации. Така очекувам да играме и вечерва и да дојдеме до триумфот“, изјави еден од најдобрите на мечот против Словачка, Адем Мекиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА