Мекиќ: Македонија ќе биде подобра во следните натпревари

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Швајцарија ги започна претквалификациите за Светското првенство 2023 година. Избраниците на селекторот Бајиќ потфрлија во втората четвртина од мечот во која постигнаа само осум поени, а и покрај обидите за враќање во натпреварот, Македонија не успеа да се избори за егал натпревар.

По натпреварот за медиумите говореше Адем Мекиќ кој вели дека на овој меч преовладал притисокот и дека до крајот на претквалификациите овие момци ќе дадат се од себе за да се пласираат во следната фаза.

„Влеговме малку нервозно во мечот и многу конфузно во нападот. И покрај тоа што игравме добро во одбраната на почетокот, не бевме решителни во нападот и целата ситуацијата придонесе да имаме тешок натпревар и притисок бидејќи играме на домашен терен. За среќа успеавме да надокнадиме поголема разлика и ништо не е загубено. Имаме уште три натпревари во кои ќе дадеме се од себе за да се пласираме понатаму“

„Имаме шанси против Швајцарија во вториот натпревар бидејќи тоа го покажавме со неколку минути игра дека сме доста поквалитетни од нив само ни фалеше добрата енергија и релаксираноста во нападот. Мислам дека ќе биде подобро во следните натпревари“, изјави Мекиќ.

Се вчитува...