Мекиќ: МЗТ Скопје оди по сите трофеи

Адем Мекиќ беше најдобар поединец на денешниот дуел од Суперкупот на Македонија што го носи името  „Драган Василов Цевка“. Крилниот кошаркар на МЗТ одира извонредно, за 28 минути реализираше 27 поени надополнети со седум скока и две асистенции и беше најзаслужен што „металците“ стигнаа до трофејот.

Македонскиот репрезентативец не го криеше задоволството што по подолго време кошаркарите излегоа на терен, пред публика на трибините.

„Секое дерби носи посебни емоции и посебна радост. Не се важни заедничките тренинзи, буџетите и слично, секој натпревар меѓу Работнички и МЗТ Скопје е приказна за себе. Добро е што се возобнови Суперкупот и што по подолго време игравме со публика бидејќи ова е тоа за што ние тренираме и играме. МЗТ Скопје секогаш ја носи фаворитската улога, има многу екипи кои направија одлични состави, но ние секогаш одиме на сите трофеи“, изјави Мекиќ.

Се вчитува...