Мекиќ: Не очекуваат тешки натпревари во кои ќе одлучуваат енергијата, фокусот и самодовербата

На македонската кошаркарска репрезентација и претстојат четири дуели во седум дена во кои силите ќе си ги одмериме против Швајцарија и Словачка во претквалификациите за Светското првенство 2023 година. Првиот меч „црвено-жолтите“ ќе го одиграат денеска со почеток од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“, а за протвник ќе ја имаат Швајцарија.

Македонија на овие натпревари ќе настапи со доста подмладен состав, а во смената на генерации еден од кои се очекува многу е Адем Мекиќ, повратникот во националниот состав кој впрочем беше и еден од клулните играчи на подготвителните натпревари против Црна Гора.

„Имаме одлична атмосфера во тимот и мислам дека таа енергија ќе биде нашето главно оружје во текот на овој циклус. Можеби имаме недостаток на искуство, но покажавме дека се наоѓаме во добра форма и дека можеме да се носиме со квалитетни репрезентации, како што е Црна Гора. Нашите противници не се нималку наивни и сигурно не очекуваат тешки натпревари во кои ќе одлучуваат енергијата, фокусот и самодовербата“, изјави пред мечот бекот на МЗТ Скопје.

Се вчитува...