Мекманаман го предупредува Њукасл: Сите менаџери ќе сакаат да ги носат играчите кај нив

По информациите дека наводно  Њукасл е заинтересиран за неколку играчи од Реал Мадрид, како што се Герет Бејл, Лука Јовиќ и Иско, англиската легенда Стив Мекманаман испрати предупредување до екипата која доби нови газди.

Тој смета дека Иско нема квалитет за Премиерлигата, додека Њукасл треба многу да внимава за формата на Бејл и на Азар пред да ги ангажира.

„Њукасл мора да биде претпазлив. Сега сите менаџери ќе сакаат да ги однесат играчите во Њукасл“, рече Мекманаман и коментираше за играчите на Реал Мадрид.

„Бејл би бил интересен играч. Тој е супер играч, но да видиме дали ќе сака да се врати. Азар е во лоша форма, а треба да бидат внимателни и со Иско и Јовиќ. Мислам дека Иско не е играч за во Премиерлигата, му фали ритам“, изјави Мекманаман.

Се вчитува...