Мексиканец имаше „пеколен“ план како да внесе алкохол на стадион, но не помина кај обезбедувањето (ВИДЕО)

Снимка која се појави на социјалните мрежи на која обезбедувањето на стадионот го прегледува еден Мексиканец, стана хит. Се чини дека маж пробува на интересен начин да внесе алкохол на трибините.

Обезбедувањето го прегледуваше двогледот на Мексиканецот, кој е претворен во шише. Делуваше дека се е во ред, но на обезбедувањето му текна да го провери добро, и увиде дека станува збор за измама.

Сепак, не е познато како завршил овој случај, а тој предмет се продава по цена од 17 фунти. Навивачите бараат начин како да внесат алкохол на трибините во Катар, со оглед дека ФИФА на два дена пред почетокот на Мундијалот забрани точење на алкохол на и пред стадионите за време на натпреварите.

Се вчитува...