Мектоминеј е најдобар фудбалер во Серија А за минатата сезона

Шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминеј е прогласен за најдобар фудбалер (МВП) на Серија А во сезоната 2024/25 во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија.

28-годишниот фудбалер, кој летото 2024 година го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Наполи, ја предводеше екипата на Антонио Конте до убедлива титула во италијанското првенство. Ова е втора голема индивидуална награда за Мектоминеј во рок од неколку месеци, претходно и Серија А го избра за најдобар играч на сезоната.

Антонио Конте е прогласен за најдобар тренер, додека Наполи ја доби наградата за тим на годината. Младиот дефанзивец Николо Бертола е најдобар млад играч, судијата Даниеле Довери ја доби наградата за најдобар арбитар, а легендите Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи беа наградени за животно дело.

Во идеалната постава на сезоната се најдоа: Миле Свилар (Рома), Дензел Дамфрис (Интер), Алесандро Бастони (Интер), Амир Рахмани (Наполи), Федерико Димарко (Интер), Тијани Рејндерс (Милан), Николо Барела (Интер), Скот Мектоминеј (Наполи); Мојс Кеан (Фиорентина), Матео Ретеги (Аталанта) и Лаутаро Мартинез (Интер).

Се вчитува...