Мело му одговори на Кјелини: Книги пишуваат тие што се пред умирање…

Џорџо Кјелини предизвика многу бура на Апенините со автобиографијата која ја објави во текот на пандемијата со коронавирусот, а најмногу ги „закачи“ Фелипе Мело и Марио Балотели. Контроверзниот напаѓач веднаш му одговори, а сега тоа го стори и Бразилецот, за кого Кјелини напиша дека е најужасниот лик со кого делел соблекувална.

„Мислам дека има проблем со мене затоа што кога игравме против Сиена, јас го нападнав. После тоа ние веќе престанавме да зборуваме, а сега пишува книга и сакал да креира некоја контроверза за да ја продаде. Знаете ли кој пишува книга, тој што е пред умирање. Можам и јас да кажам милион работи за случувањата во Јуве, но некои нешта остануваат во соблекувалната. Кјелини треба да се угледа на Хавиер Занети, кој е голем господин, и тој издаде книга, но не вадеше нечисти рабои на виделина“, изјави Фелипе Мело по прозивките од Кјелини.

 

 

Се вчитува...