Мело по потписот за Ливерпул: „Има многу клубови во Европа, но единствен сон е да се биде тука!“

Ливерпул ја исполни желбата на Јирген Клоп за засилување на средниот ред на последниот ден од преодниот рок. Екипата од Енфилд се засили со Бразилецот Артур Мело кој пристигна на едногодишна позајмица од Јувентус.

Мело, по пристигнувањето во Ливерпул, не го криеше задоволството што ќе игра за „црвените“…

„Пресреќен сум што ќе го носам дресот со овој познат амблем кој презентира многу во светскиот клуб. Има многу големи клубови во Европа, но еден е сонот да се игра во Ливерпул… Бев пресреќен кога разбрав дека Клоп силно инсистира на мој ангажман, задоволството кога ве посакува еден таков тренер и таков клуб“ – вели Мело, притоа дополнувајќи:

„Отсекогаш сакав да го почувствувам англискиот фудбал, тоа е најдобрата лига во светот според мене. И кога на сето тоа ќе биде во клуб како Ливерпул нема што повеќе да посакате“.

Се вчитува...