Мелсунген без важно трио на мегдан со Вардар

Мелсунген ќе биде значително ослабен за утрешната пресметка со Вардар во рамките од последното коло од првата групна фаза од Лигата на Шампионите.

Германскиот тим полета од аеродромот во Дортмунд и веќе пристигна во Скопје, но на списокот на Парондо нема тројца важни првотимци на Мелсунген.

Десниот бек, Даини Криштопанс, поради повреда нема да може да настапи против својот поранешен клуб, а Парондо на располагање ќе го нема ниту Николај Ендерлеит. Покрај овие двајца, Мелсунген ќе мора да се снаоѓа и без Давид Мандиќ, хрватскиот крилен ракометар кој има значајна улога и во одбранбената зона на Парондо.

Добра вест за утрешниот ривал на „вардарци“ е што барем Адријан Шипош ќе биде во тимот, лидерот на одбраната го пропушти последниот дуел од Бундес-лигата против Балинген, но се најде на списокот на патници за Скопје.

Се вчитува...