Мемфис го прегази Њу Орлеанс и урна рекорд на франшизата (ВИДЕО)

Мемфис Гризлис стигнаа до убедлива победа на домашен терен против Њу Орлеанс Пеликанс со 141-114. Тимот од Тенеси постигна 55 поени во третата четвртина со кои запиша нов рекорд на франшизата за постигнати поени во една четвртина.

Дилон Брукс со 23 и Жа Морант со 21 поен беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Си Џеј Меккалум заврши со 16 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Индијана 133-120, Сан Антонио – Голден Стејт 94-100 и ЛА Клиперс – Сакраменто 117-98.

Се вчитува...