Мемфис останува без својата ѕвезда до крајот на сезоната

Мемфис Гризлис, кој има негатива од 1-3 против Голден Стејт Вориорс во полуфиналето на Западната конференција, до крајот на сезоната би можеле да останат без својата прва ѕвезда Жа Морант.

Имено, 22-годишниот кошаркар го повреди десното колено во плеј-офот, објавија Гризлис и додадоа дека „тешко дека Морант ќе игра повеќе оваа сезона“.

Морант, кој ја освои наградата за кошаркар со најголем напредок оваа сезона, излезе од теренот на третиот натпревар во Сан Франциско во саботата, откако се повреди во последната четвртина.

Се вчитува...