Меморијален турнир во чест на Драган Василов – Цевка

Во периодот помеѓу 9. и 12. септември ќе биде одржан меморијален турнир во чест на прерано починатиот тренер „Драган Василов- Цевка“. Турнирот ќе биде за категоријата на играчите „под 18“ години и истиот ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“.

Истиот ќе има и интернационален карактер со оглед на тоа што покрај МЗТ Скопје и Вардар на него ќе настапат и Црвена Ѕвезда, Академик Пловдив, Клуж, Слован, Реал Ѓуровиќ Акадмија и Шопрон.

„Голема чест и задоволство е што нашата федерација ќе биде дел од овој турнир, кој го носи името на нашиот легендарен тренер Драган Василов Цевка, и што на свој начин, со потребната техничка логистика, реализација на онлајн преноси ‘во живо’, обезбедување на судии, ќе помогне во реализацијата на турнирот кој ќе биде собир на деца до 16. години на кој покрај нашите екипи МЗТ Скопје Аеродром и Вардар, ќе учествуваат екипи од странство како Црвена Ѕвезда, Академик Пловдив, Клуж, Слован и Шопрон. Верувам во успешна реализација на овој турнир кој ќе остане традиционален, затоа што Драган Василов Цевка заслужува многу повеќе од тоа. Но ова е само почеток“, изјави претседателот на кошаркарската федерација, Перо Антиќ.

Турнирот ќе биде поделен во две групи. Во групата „А“ ќе се сретнат: МЗТ Скопје Аеродром (Македонија), Клуж (Романија), Реал Гуровиќ Академија – Белград (Србија) и Академик Пловдив (Бугарија), додека во групата „Б“ ќе се сретнат: Вардар (Македонија), Црвена Ѕвезда – Белград (Србија), Слован Љубљана (Словенија) и Шопрон (Унгарија).

Истиот ќе започне на 10. септември со натпреварот помеѓу Клуж и МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...