Меморијалниот турнир „Вуко Каров“ денеска по 25-ти пат

Денеска во Кавадарци се одржува 25-тиот меморијален турнир „Вуко Каров“, на кој учество ќе земат три екипи. Покрај домаќинот ГФК Тиквеш, ќе учествуваат и екипата на Тетекс Тетово и Вардар Неготино.

Турнирот почнува во 11:30 часот. ГФК Тиквеш ги поканува сите љубители на фудбалот да бидат денеска на стадионот во Кавадарци, и да го проследат овој меморијален турнир.

Се вчитува...