Менаџерот на Евертон, Шон Дајш изјави дека не знае за нови можни санкции за клубот, откако веќе му одзедоа 10 бодови, по што екипата се најде на претпоследното место на табелата.
Сите елитни клубови во Англија до 31. декември ќе мора да ги поднесат своите сметки, и секое прекршување на правилата за финансиска стабилност, би можело да биде казниво понатаму во сезоната. Евертон веќе е казнет, за што клубот поднесе жалба.
„Не ми кажаа ништо друго освен за тоа што се случи. Бевме шокирани сите во клубот, и верувам дека сите други во Англија се шокирани од оваа одлука. Којзнае што ќе следува понатаму. Имав разговор со играчите и сите се согласивме дека целта е да се дојде до што повеќе бодови. И без одземаните бодови бевме во тешка ситуација, а сега сме во уште потешка“, рече Дајш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА