Менаџерот на Вулверхемптон: Добивме извинување што не ни беше досуден пенал

Вулверхемптон загуби на отворањето во Премиерлигата на „Олд Трафорд“ од Манчестер Јунајтед со минимални 1-0. Голот за победа го постигна Рафаел Варан во 76. минута од средбата.

Пред крајот на дуелот се случи една спорна ситуација. Гостите бараа пенал по ситуацијата кога Онана ја прифати топката, и притоа имаше дуел со двајца играчи на Вулверхемптон. Судијата Сајмон Хупер и ВАР технологијата се решија да не досудат најстрога казна.

Менаџерот на Вулверхемптон, Гери О’Нил, кажа дека добил извинување од надлежниот за судии во Премиерлигата, Џонатан Мос.

„Мос ни се извини што не ни беше досуден пенал“, рече О’Нил.

„Секоја чест на Мос што призна дека тоа беше очигледна грешка, како и да не може да верува дека судијата ништо не досудил, како и тоа што не интервенирале од ВАР собата. Веројатно тоа направи да се чувствувам уште полошо, затоа што кога знаеш дека си во право, тогаш се чувствуваш уште полошо што не го добивме. Заслуживме бод“, кажа О’Нил.

Се вчитува...