Менди го тужи Манчестер Сити поради неисплатени плати

Францускиот фудбалер Бенжамин Менди поднесе тужба против Манчестер Сити поради неисплатени плати, откриваат англиските медиуми. 29-годишникот ги бара „неовластените одбитоци од платата“ откако беше оптужен за сексуален напад во 2021 година.

Французинот во меѓувреме беше прогласен за невин по сите точки од оптужбата и сега сака да добие повеќе од два милиони фунти кои му следат во договорот.

Менди го засили Манчестер Сити во 2017 година како најскап дефанзивец во првенството дотогаш, а со „граѓаните“ освои три титули во Премиерлигата.

Се вчитува...