Менди обвинет за четири силувања – Манчестер Сити го суспендираше левиот бек

Полицијата и Обвинителството во Манчестер објавија дека е покренато обвинение против Бенжамин Менди, кој ќе мора да одговара за силување и сексуален напад. Британските власти подолго време го истражувале случајот, за на крајот да соберат докази за четири случаи на силување од страна на францускиот фудбалер, плус еден случај на сексуален напад.

Манчестер Сити веднаш се огласи објавувајќи дека го суспендира овој фудбалер, кој токму поради недисциплината и непрофесионалниот живот надвор од теренот никогаш не успеа да се наметне кај Пеп Гвардиола и да ја оправда инвестицијата вредна 50 милиони фунти.

„Манчестер Сити може да потврди дека откако беше обвинет од полицијата денеска, Бенжамин Менди е суспендиран до крајот на истрагата. Станува збор за криминален процес и затоа ние како клуб нема да коментираме додека тој процес не заврши целосно“, се вели во соопштението на англискиот првак.

Се вчитува...