Мертенс и дефинитивно го напушта Наполи, се сели во Англија

Белгискиот репрезентативец Дрес Мертенс и дефинитивно на крајот од сезоната го напушти Наполи, откако ги одби сите обиди на раководството за продолжување на соработката.

Мертенс ја одби и последната понуда од Наполи, пред се поради несогласувањата со раководството појавени уште од ноември минатата година кога влезе во судир со претседателот Де Лаурентис.

32-годишниот фудбалер во Наполи пристигна во 2013 година. Како што пишува „Газета дело спорт“ кариерата сосема извесно ќе ја продолжи во Англија. Интерес за него има од Арсенал, Челси и Манчестер јунајтед.

Се вчитува...