„Артета може да го врати Арсенал на европската мапа, само треба да му дадете време“

Екс-фудбалерот на Арсенал, Пер Мертесакер изјави дека челниците на тимот од Лондон треба да му дадат време на Микел Артета за успесите да дојдат во периодот кој следува. Од заминувањето на Арсен Венгер екипата не личи на онаа која скоро две децении констатно беше во врвот на англискиот фудбал.

Не е спорно дека пари се вложуваат и тоа многу, но резултатите се далеку од добри, како во Премиер лигата, така и на европската сцена. Минатата сезона беше за заборав, а и оваа не започна нешто пдообро. Арсенал во текот на летото потроши околу 150 милиони фунти, најмногу од сите клубови во Премиер лигата.

„Секогаш сакате успех веднаш. Сакате назад во Лигата на шампионите. Го сфатив тоа работејќи во академијата во Арсенал, но за секој процес е потребно време и се надевам дека Микел ќе го добие своето. Работам блиску до него и знам колку сака да го врати Арсенал на мапата на европскиот фудбал. За тоа ќе бидат потребни две-три години“, истакна Мертесакер.

Се вчитува...