Мешков Брест ја наполни празната мрежа на Металург

Металург влезе во лоша серија со четири порази по ред, откако загуби од Мешков Брест  со 35-30 на гостувањето во Белорусија, во натпреварот од 7.коло во регионалната СЕХА лига. Претходно, „металурзи“ имаа и пораз од Горење во СЕХА и два врзани порази во Лигата на шампионите од Чеховски медведи и од Монпелје. За македонскиот вицешампион ова е петти пораз во регионалното натпреварување, во кое по седум одиграни кола е во долниот дел на табелата со само шест бода. Мешков Брест на овој меч настапи без неколку стандардни играчи од првиот состав, но и покрај тоа успеа да ја забележи петтата победа во СЕХА лигата и да ја продолжи победничката во дуелите со Металург кој трае во последниве четири сезони.

8870_original

Несигурниот старт и ризичните „7 на 6“ што ги форсираше Александар Јовиќ уште од почетокот на натпреварот им оставија простор на домаќините да наметнат ритам и лесно да дојдат до првите два погодоци за почетното водство. Металург успеа да изедначи на 3-3, а потоа и на 5-5, но Меков Брест го диктираше темпото, ја казнуваше секоја грешка на „металурзи“ најчесто со погодоци на празен гол и со серија од 4-0 по првите 11 минути имаше водство од 9-5.

На десет минути пред крај на првиот дел, Металург врза четири гола во серија и со двата погодоци на капитенот Филип Кузмановски по ред, дојде до ново изедначување. Мартин Томовски успешно го замни Дарко Арсиќ на голот, врза две одбрани и Металург имаше напад за водство, но не ја искористи шансата, а Мешков брзо казни со уште два гола од далечина и поведе со 15-13. Со малку попрецизна играво финишот на првиот дел „металурзи“ одново успеаја да ја стопат предноста на домаќинот и на одмор заминаа со минимална негатива од 18-17.

8892_original

Вторто полувреме продолжи во исто темпо, белорускиот тим се одржуваше во водство со 2-3 гола предност, Металург се обидуваше да стигн.  Но, и понатаму продолжи променливата игра на македонскиот вицешампион со по некој прецизен напад, но и многу грешки и премногу примени голови на празен гол и негативен ефект од играта со седум ракометари во напад. Како што одминуваше натпреварот така паѓаше играта на Металург, а на другата страна растеше предноста на Мешков Брест.

Диомаќините реализираа серија од 5-1 и во последната четвртина влегоа со предност од 28-22 и тука. Металург не успеа да се одбрани, му дозволи на противникот да се одлепи на сигурна дистанца и до крај не успеа посериозно да го загрози водството на Мешков Брест кој во продлжението стигна и до највисоки осум гола предност и славеше сигурна победа со конечните 35-30.

Најефикасен во составот на Металург беше капитенот Филип Кузмановски со осум погодоци од кои два од игра и шест од седмерец. На тоа Кузмановски додаде и седум асистенции. Халил Јагањац постигна седум гола, а Жарко Пешевски додаде четири.Мартин Томовски запиша пет одбрани, а Дарко Арсиќ заврши со три. Кај Мешков Брест листата на стрелците ја предводеше Петар Ѓорѓиќ со шест гола, Дмитри Никуленко додаде пет погодоци во триумфот на својот тим. Како куриозитет на овој меч во листата на стрелците се запишаа и двајцата голмани на Мешков Брест – Раде Мијатовиќ постигна два, а Иван Матскевич еден гол на празниот гол на Металург.

Следниот натпревар во СЕХА лигата, Металург ќе го одигра на 28 ноември кога во Скопје го пречекува Татран Прешов.

Се вчитува...