Меси ги чека Нејмар и Гризман за „најдобриот напад во историјата“

Барселона би можела да го има „најдобриот напад во историјата“ ако успее да ги доведе Нејмар и Антоан Гризман и да ги приклучи на Лео Меси и Луис Суарез. Според очекувањата, Барсa ќе ја активира трансфер клаузулaта на Грузман во Атлетико Мaдрид вредна 110 милиони евра веднаш кога ќе почне преодниот рок на 1.јули.

За Нејмар се верува дека веќе постигнал „усмен договор“ за враќање во Барселона, но и натаму пречка може да биде Пари Сен Жермен од каде уште нема потврда дека продажбата е воопшто можна.

Сепак највлијателните медиуми во Шпанија веќе ги исцртуваат тактичките можности на Валверде со сите овие ѕвезди во тимот во следната сезона.

Се вчитува...