Осумкратниот освојувач на Златната топка и по многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, одбра четири играчи за кои верува дека во идните години ќе се борат за најдобар фудбалер на светот.
За „Л’Екип“ Аргентинецот одбра очекувани имиња, но го изостави главнито фаворит за оваа награда, одличниот Џуд Белингем.
„Кој би можел да се бори за Златната топка? Може тоа да биде многу убаво ривалство меѓу Халанд, Мбапе и Винисиус“, рече Меси и додаде:
„Има многу добри млади играчи кои доаѓаат. Сметам дека Ламин Јамал од Барселона, момчето ќе има голема улога и ќе се бори за наградата“, изјави Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА