Меси и другарите ќе играат во виолетови дресови на СП во Катар (фото)

Аргентина денеска го претстави „гостинскиот дрес“ што „гаучосите“ ќе го носат на претстојниот фудбалски мундијал, за кој добија пофалби од своите навивачи.

Втората комбинација на дресови, покрај онаа традиционалната сино-бела, е со виолетова боја.

„Новиот гостински дрес на националниот тим на Аргентина пренесува силна порака на родовата рамноправност, ускладена со вредностите на различностите и инклузијата што ги промовира нашиот бренд“, се пофали компанијата „Адидас“ со опремата што ќе ја носат Меси и соиграчите на најмалку еден натпревар во Катар.

Аргентина е дел од групата Ц на овој шампионат заедно со Мексико, Полска и со Саудиска Арабија.

Се вчитува...