Меси и Левандовски во меѓусебна пресметка – Аргентинецот кон Полјакот: „Кој си бре ти идиоту, јас имам…“ (ВИДЕО)

Интер Мајами успеа да го надомести дефицитот против Чикаго Фајер и одигра 1-1 пред 63.094 гледачи на стадионот „Солер Филд“ во МЛС лигата.

Со ова го сруши клупскиот рекорд по број на гледачи на домашен терен, поставен минатата сезона против истиот ривал.

Чикаго поведе во 10. минута благодарение на Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач, поранешна ѕвезда на Баерн и Барселона, уште еднаш го покажа своето препознатливо чувство за атрактивни завршници и ја затресе мрежата со акробатски удар.

Интер Мајами израмни на почетокот од второто полувреме. Меси изведе корнер, а Касемиро се најде на вистинското место, кој со глава ја смести топката во мрежата за конечни 1-1.

Иако Интер Мајами имаше можности да направи пресврт, домаќинот успеа да спаси бод благодарение на голманот Крис Брејди.

Брејди запиша дури шест одбрани, а особено се истакна во 16-тата минута, кога со одлична интервенција го запре ударот на Германецот Бертераме. Во првото полувреме имаше вкупно три одбрани со кои ја зачува предноста на својот тим.

Натпреварот беше обележан и со вербалната пресметка меѓу Левандовски и Родриго Де Пол, кој на крајот заврши само со зборови. Во еден момент, Лева се најде во конфликт со Јан Фрај, играчот од тимот на Мајами кој театрално се фрли на теренот, а потоа насилно го турна полскиот напаѓач.

После тоа, Левандовски реши да го праша противникот во што всушност е проблемот, но Де Пол се вмеша во сè. Аргентинецот беше многу агресивен, му се закани и го турна Полјакот, а потоа и со вербален напад:

„Кој си ти идиоту? Јас освоив два Копа Америка и Светското првенство! Што имаш ти?“ – извикуваше Де Пол постојано туркајќи го Левандовски, кој потоа возврати.

Де Пол со години водеше и губеше битки со Левандовски во Шпанија. Играше за Атлетико Мадрид, а од 2025 година е член на тимот од Мајами.

Тој е познат како заштитник на Лионел Меси. Каде што Лео ќе западне во неволја, Родриго е тука да го брани.

Се вчитува...