Меси ќе биде подготвен за дуелот против Интер во ЛШ?

Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси не е посериозно повреден и најверојатно ќе биде подготвен за настап на дуелот против Интер во Лигата на шампионите за седум дена на „Камп Ноу“. Тој се пожали на болки во бутниот мускул на синоќешниот меч против Вилјареал (2-1) од Ла Лига и тренерот Ернесто Валверде го повлече од игра на полувремето во знак на внимателност.

Сепак, не се работи за посериозна повреда и се очекува Меси брзо да закрепне и да му биде на располагање на шефот на стручниот штаб по само неколку дена. Тој ќе го пропушти само натпреварот против Хетафе в сабота.

Се вчитува...