Меси ќе мора да паузира три натпревари

Лионел Меси ќе мора да паузира најмалку три натпревари по повредата која ја заработи на натпреварот против Виљареал.

Како што тврди „Ас“, Барселона нема да може да смета на неговите услови во следните три меча, најпрво против Гетафе престојниов викенд, како и на мечот против Интер во Лигата на шампионите. Се наведува дека ќе биде надвор од комбинација и за дуелот следната недела против Севилја.

Од каталонскиот тим најавија официјална информација околу тежината на повредата на својот најдобар фудбалер во текот на денов.

Се вчитува...