Меси конечно искрено кажа што мисли за Кристијано Роналдо

Најдобриот светски фудбалер фудбалер Лионел Меси проговори за ривалството што го имаше со Кристијано Роналдо, потенцирајќи дека „Ел Класико“ без него веќе не е исто.

„Додека Кристијано беше во Реал натпреварите против нив секогаш беа посебни. Генерално, натпреварите против нив значат многу, но кога тој играше таму, за мене беше  нешто посебно. Тоа се посебни натпревари кои вечно ќе ги паметам. Не е лесно да се остане на високо ниво толку долго и да се натпреваруваш со ривал како него. Барселона и Реал се најдобрите клубови во светот и секогаш барањата на навивачите се најголеми. Верувам дека јас и Роналдо им овозможивме уживање на навивачите ширум светот“, изјави Меси. 

Во последните 12 години само еднаш „Златната топка“ не отиде во рацете на Меси или на Роналдо, во 2018 година кога со престижното признание се закити Лука Модриќ. Досега Меси има освоено шест „Златни топки“, а Роналдо една помалку.

Се вчитува...