Меси конечно отворено за Роналдо: Против Атлетико беше надреален!

Кристијано Роналдо беше незапирлив против Атлетико Мадрид, уште еднаш покажувајќи ја својата класа. Па, на негова адреса стигнаа бројни честитики. Една од нив и од неговиот најголем ривал, Аргентинецот Лионел Меси кој беше сосема јасен…

„Тоа што го направија Роналдо и Јувентус е навистина импресивно. Мислев дека ќе им биде многу потешко против Атлетико, но Роналдо беше навистина надреален. Имаше волшебна ноќ и заслужи таква радост“ – истакна Меси, се чини првпат и отворено коментирајќи еден настап на Португалецот.

Утре е ждребот за четвртфиналето од Лигата на шампионите. А, тој може да ги спои Јувентус и Барселона…

„Ќе биде тешко без разлика кого и да добиеме“ – вели Меси.

Се вчитува...