Меси: Ме изненади заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид

Кристијано Роналдо си замина од Шпанија и сега Лионел Меси практично и нема вистинска конкуреција. Големиот „дуел“ меѓу овие две големи ѕвезди сега може да продолжи само во Лигата на шампионите. Аргентинецот вели дека навистина го изненадила одлуката на Роналдо.

„Ме изненади заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид. Без него, сигурно дека тимот на Реал е послаб. Сега одеднаш Јувентус ќе биде еден од фаворитите за освојување на трофејот во Лигата на шампионите. Не можев да замислам дека Роналдо ќе го напушти Реал Мадрид, но ете се покажа дека во фудбалот се е можно. Во минатото, сите најдобри фудбалери сакаа да играат во Барселона и во Реал Мадрид, но сега тука се и ПСЖ, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Јувентус, Баерн Минхен…“, истакна Лионел Меси.

Се вчитува...