Меси: Моите дуели со Роналдо вечно ќe се памeтат

Лео Меси ќе ја предводи Барселона на најновото „Ел Класико“ в сабота против Реал Мадрид, а веднаш потоа каталонскиот гигант го очекува и пресметка со Јувентус во Лигата на Шампионите, што би можела да донесе и прв дуел меѓу Меси и Кристијано Роналдо по заминувањето на Португалецот од Реал. Засега незивесен е настапот на Кристијано Роналдо кој е позитивен на коронавирус. Нема никакви симптоми но два теста го покажаа присуствотот на вирусот. Сепак, доколку неговиот тест 24 часа пред натпреварот биде негативен, ќе добие дозвола да игра. На тоа се надева и Лео Меси.

“Моите дуели со Роналдо се оние кои ќе се паметат засекогаш. Имавме многу дуели во пследните неколку години. Се надевам дека Роналдо ќе може да игра и дека и сите фудбалски фанови ќе уживаат во добар натпревар” – истакна Аргентинецот.

Меси исто така признава дека му недостасува Роналдо кој го напушти Реал Мадрид во текот на 2018 година и дојде во Јувентус.

“Натпреварите помеѓу Реал Мадрид и Барселона се посебни сами по себе. Но, кога Роналдо беше во Реал Мадрид сето тоа добиваше некоја посебна димензија. И двајцата веќе многу години играме на високо ниво и фановите со нетрпение ги чекаа нашите дуели. Се надевам дека и двајцата ќе им дадеме доволно причини за задоволство и на следниот меч” – додаде ѕвездата на Барселона.

Барселона во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите го совлада Фенерцварош со 5-1 на домашен терен, додека Јувентус на ‘ладното’ гостување во Киев беше подобар со од Динамо Киев со 2-0.

Се вчитува...