Меси може да ужива, Барселона го има Ансу Фати кој со 16 години запиша историја (ВИДЕО)

Барселона стигна до лесен триумф од 5-2 против Валенсија на „Ноу Камп“ во 4. коло од Ла Лига.

Каталонскиот тим експресно брзо ја најави победата со двата погодоци сервирани од двојката Фати – Де Јонг веќе до 7. минута од средбата. Најпрво во 3. минута стрелаше Фати а асистираше Де Јонг, а во 7. минута Де Јонг беше стрелец на асистенција на младиот Фати.

Ансу Фати со постигнатиот погодок се запиша во аналите на шпанскиот фудбал како најмлад играч во историјата на Ла Лига кој со 16 години и 318 дена постигнал гол и запишал асистенција на еден натпревари…

Гамеиро во 29. минута успеа да намали на 2-1, но тоа беше се што направија гостите од Валенсија.

Во второто полувреме Барселона до убедливата победа стигна со головите на Пике во 52. минута и Луис Суарез во 61. минута и 82. минута. Гомез во 92. минута единствено го ублажи убедливиот пораз на Валенсија за конечни 5-2.

Се вчитува...