Меси му испрати порака на Ману Џинобили

Лионел Меси, преку социјалните мрежи му испрати порака на својот сонародник, кошаркарската ѕвезда, Ману Џинобили кој деновиве објави дека ја завршува кариерата во НБА.

Аргентинецот на 41-годишна возраст става крај на богатата играчка кариера во која освои четири титули во НБА лигата, имаше два настапи на ол-стар натпреварите, награда за најдобар шести играч во најсилната лига. Тој е втор кошаркар во историјата што освоил олимписка титула, шампионска титула во НБА и титула во Евролигата.

Ценејќи ја неговата спортска големина, Меси, му се заблагодари на Џинобили за сите убави кошаркарски моменти во кои уживал поради него.

„Ти благодарам што ни овозможи толку многу да уживаме во кошарката. Нема да биде исто без тебе на теренот. Ти посакувам многу среќа во твоите идни предизвици“ – напиша Меси во пораката до Џинобили.

 

Се вчитува...