Меси му испратил СМС порака на Гвардиола само неколку минути по потписот со Ибрахимовиќ

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во летото 2009 година од редовите на Интер премина во Барселона. Ибрахимовиќ во Интер беше прва ѕвезда, но во 2009 призна дека желба од дете му била да игра за тимот од „Камп ноу“. Швеѓанецот одлично ја почна сезоната и во првиот дел беше во одлична форма, но се се промени преку ноќ.

Пеп Гвардиола повеќе не сметаше на Ибрахимовиќ, а неговото место во стартниот тим изненадувачки го зема Бојан Кркиќ. Почна да се шпекулира кои се причините поради таа одлука, а и самиот Швеѓанец по заминувањето од „Камп ноу“ се уште не беше сигурен зошто Гвардиола одлучил така. Шпекулациите велеа дека Меси кој претходната година на Барселона и донесе тројна титула, веднаш по потпишувањето на Ибрахимовиќ, на Гвардиола му испратил СМС порака во која прашувал дали неговиот статус во тимот е загрозен.

Ибрахимовиќ во дресот на Барселона на 45 натпревари постигна 21 гол.

 

Се вчитува...