Меси никогаш не бара дрес, но со Севилја направи исклучок

Лионел Меси со еврогол од слободен удар стави печат на убедливата победа на Барселона над Севилја, за јубилеен стоти погодок што аргентинскиот генијалец го постигнува надвор од противничкиот шеснаесетник.

Вообичаено, по секој меч ривалите се обидуваат да стигнат до дрес од Аргентинецот како значаен сувенир, а Меси е познат по тоа што тешко се согласува на размена на терен веднаш по судискиот свиреж. Сепак, тој самиот направи исклучок по дуелот со Севилја, откако прв му пријде на Евер Банега и го смени дресот со својот сонародник.

Меси има особена почит кон сонародниците, ако ривалот има Аргентинец во својот табор тогаш Лео инсистира на размена токму со тој играч. Токму затоа и по мечот самиот му пријде на Банега“ – објаснија од стручниот штаб на Барса.

Се вчитува...