Меси објасни зошто Барселона е полоша од вообичаено

Наспроти проблемите со повредите, Лионел Меси се појави на синоќешниот натпревар на Барселона во Лигата на шампионите и одигра добар меч во триумфот против Интер.

По мечот Аргентинецот се осврна на нешто полошите изданија на Барса во новата сезона, објаснувајќи ги причините за тоа…

„Кога премногу патувате тогаш и не тренирате најдобро. Во предсезоната многу патувавме. Бевме во Јапонија, па се вративме во Шпанија, а потоа и во САД. Но, полека се адаптираме… Ова не е никаква критика за клубот, знам дека таа е реалноста и дека така работат големите екипи“ – истакна Меси.

Барса сега сака да ја продолжи низата победи и во првенството…

„Победивме на два важни натпревари. На добар пат сме, но имавме тешки моменти. Влеговме преспоро во сезоната. Ова не се изговори, но реалност… Во иднина ќе биде многу подобро“ – вели Меси.

Каталонскиот тим следниот натпревар во Лигата на шампионите го игра против Славија Прага.

Се вчитува...